Синоќа во ппрекрасен ноќен амбиент, во Битола се одигра најновото големо фудбалско македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар.
Дуел кој секогаш се чека со нетрпение од двете страни. Во Битола ноќниот термин станува пракса затоа што со помош на Фудбалската Федерација на Македонија стадионот е комплетно реновиран и рефлекторите овозможуваат вечени натпревари.
Од друга страна, домаќинот денеска јавно им се заблагодари на своите навивачи Чкембарите за вчерашното присуство, поддршка, кореографија која што ја направија. Дуелот инаку заврши без победник 0:0.















