Симеоне: Резултатот е добар, но знаеме за што се е подготвена Барселона

62
Фото: Атлетико Мадрид Х

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го коментираше триумфот од 2-0 над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Аргентинецот не беше пресреќен и рече дека реваншот сигурно ќе биде многу тежок.

„Атлетико долго време не победил тука. Многу е тешко да се игра на овој стадион. Барса е веројатно најдобриот тим во Европа, заедно со Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Благодарение на нашите колективни напори, успеавме да им наштетиме во вистинскиот момент. Вториот гол ни даде самодоверба. Штета што не ја искористивме нашата предност уште повеќе.

Можам да ви раскажам илјадници приказни за натпревари во кои имавме 30 шутеви и не постигнавме гол. Фудбалот е прекрасен затоа што најважно е конечниот резултат. Денес бевме исклучително концентрирани, за разлика од другите натпревари“, рече Симеоне.

Предводникот на Атлетико Мадрид потенцира дека нема да биде лесно на реваншот, бидејќи добро ја познаваат Барселона и нејзините можности и квалитети. Но, ќе бидат подготвени, а голема предност е што играат пред своите фанови.

„Покажавме храброст и ги искористивме нашите моменти. Резултатот е добар, но противникот сигурно ќе нè натера да страдаме во вторник. Знаеме против кого играме и сме подготвени. И тие знаат со кого си имаат работа. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар. Ни требаат нашите навивачи повеќе од кога било. Ни треба нивната поддршка за да нè туркаат напред во тешкиот натпревар што претстои“, заклучи Симеоне.

ПретходноМакедонија Ѓ.П и Арсими во битка за бодови = опстанок!
СледноМици: Струга Т.Л не се откажува, се уште имаме шанси за Европа!