Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

130

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре ќе игра во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид. Таа до оваа рунда на турнирот, кој се игра за награден фонд од 100.000 евра стигна откако во денешното осминафинале нејзината ривалка и го предаде мечот во вториот сет по 50 минути игра.

Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а притоа успеа да направи два брејка во третиот и во деветтиот гем. Притоа ја искористи третата сет топка. На стартот на вториот сет Ѓорческа направи брејк и потоа ривалката го предаде мечот.

Во следното коло (четвртфинале) македонската тенисерка ќе игра против Лиса Пигато од Италија (189 ВТА листа), која со пресврт ја совлада Лаура Самсон од Чешка со 2:1 во сетови, иако губеше со 0:1.

Претходно„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ – ТИМСКА СТАТИСТИКА ПО 22. КОЛО: Добрите бројки го поставија Пелистер на третото место
СледноСкандалозна распределба на парите во спортот, Ристовски дели по кумови или по критериуми?