Јусуфи му донесе триумф на Арсими во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

106

Денеска го „заклучивме“ 26. коло од ПМФЛ шампионатот во кое тимот на Арсими на гостински терен во Ѓорче Петров ја совлада домашната Македонија со минимални 0:1.

Клучен момент на овој дуел кој инаку беше означен како битка за опстанок со оглед на местото на табелата на двата тима беше оној во 28. минута кога искусниот Фатјон Јусуфи успеа да реализира еден волеј удар во мрежата на Ристе Јанков.

Претходно домаќинот ја имаше ситуацијата на Еступијан на стартот на мечот, но и Арсими преку ударот на Бајо со глава кога биеше покрај левиот голманов дирек.

Во финишот на првиот дел, Николиќ најпрво погоди за 1:1, но голот беше поништен поради офсајд, а потоа србинот имаше и ситуација во петерецот на Арсими но не успеа да се снајде најдобро.

Во второто полувреме, Гереро имаше соло пробив во кој имаше добра позиција но неговуот удар беше навреме изблокиран, пред обидите на младиот Матеo Софијановски.

Сикиру ја „разби“ гредата

На неколку минути до крајот на мечот, Арсими имаше ситуација да поведе и со 0:2.Интернационалецот од Нигерија Олатунбосун Сикиру одлично дочека една нафрлена топка на левата крилна позиција и „распали“ со сета сила по неа. Топката сите ја видоа во голот на МЃП но сепак, таа наместо во мрежата се заби во гредата и одлета во поле. МЃП имаше среќа во оваа ситуаиција, на домаќинот потоа му останаа неколку минути да реагира, но сепак не стори ништо конкретно за избегне пораз.

 

Арсимис ега има 32. бода и е седми на табелата, додека пак Македонија ЃП е претпоследна и натаму со истите 23. како и пред овој дуел.

 

ПретходноВардар 1961 убедливо го победи Бутел Скопје и порача: Се поблиску до целта….
СледноСтруга ТЛ и официјално го испадна Шкупи во втора лига