Билетите за Ф4 турнирот од ракометниот куп пуштени во продажба

70

Во пресрет на претстојниот Ф4 турнир од Купот на Македонија, од Ракометната федерација на Македонија информираа дека билетите се пуштени во продажба од денес.

Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17 и 18 април во СС„Парк“ – Струмица.

Цената на билетот изнесува 400 денари.

Билетите може да се купат на следниот ЛИНК

ПретходноРеал дава 165 милиони евра за Олисе, Баерн им одговорил: Не го продаваме ни за 200!
СледноСинер и Алкараз добро се помачија за четвртфинале во Монте Карло