Косуке Јасухира доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона.
Косуке е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони. Игра на позицијата среден бек и има 25 години.
“Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација“, изјави Косуке.










