Откако во Битола им ја заверија титулата, Вардар 1961 ја промени агендата!

456

Повеќе од сигурно е дека Вардар 1961 може да почне со славаје на титулата во македонскиот ракометен шампионат. Овој факт доаѓа од вчерашниот пораз на Пелистер на домашен терен од ГРК Охрид, па сега разликата на табелата е осум бода, доволна за да „црвено-црните“ имаат комодитет до крајот на плеј-офот.

Покрај титулата во таборот на најтрофејниот ракометен колектив во мислите е битката за пласман на фајанл-фор заваршницата во Европската лига, а таму го чека двомеч со Монпелје. За да тренерот Иван Чупиќ и неговите момци имаат повеќе време за подготовка, денеска (15:15 часот) ќе го одиграат дуелот со Бутел Скопје од редовното 5. коло во плеј-офот.

Првиот натпревар во четвртфиналето во Европската лига го игра на гостински терен кај Монпелје на 28 овој месец, па секој час и ден е важен за „црвено-црните“ за да се најдат меѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување.

Во меѓувреме, Вардар 1961 има за задача да го одбрани и Куп трофејот, за противник го има тимот на Алкалоид.

 

ПретходноМици: Струга Т.Л не се откажува, се уште имаме шанси за Европа!
СледноРаул Гонзалес гради силен тим: Шпански репрезентативец доаѓа во Партизан