Поранешниот стратег на Пелистер, Раул Алонсо ќе има нов предизвик. Шпанскиот тренер ќе го предводи машкиот национален тим на Алжир. Ова е прв селекторски предизвик за него.
Алонсо го водеше битолскиот клуб во сезоната 2024/25, пред да замине на Лајпциг каде не се снајде најдобро.
Шпанскиот стратег во својата кариера ги водеше екипите на Мешков Брест, Лајпциг, Ерланген, Тирол…










