Синер и Алкараз добро се помачија за четвртфинале во Монте Карло

52
фото: The Tennis Letter @TheTennisLetter (X)

Јаник Синер се мачеше против Томас Махач, но се пласираше во четвртфиналето на Монте Карло – 6:1, 6:7 (3:7), 6:3. Во првиот сет доминираше италијанскиот тенисер, кој стигна до три брејка и ја заврши работата за само 26 минути игра.

На почетокот од вториот сет, Синер пропушти две брејк топки. Синер, сепак, го доби тајбрејкот, кој Чехот го менаџираше подобро и стана првиот играч кој му одзеде сет на Италијанецот на Мастерс турнирот во 2026 година.

Тој ја прекина серијата на Синер од 37 освоени сета на турнири во серијата 1000. Сепак, раниот брејк во одлучувачкиот сет беше доволен за Италијанецот за неговата 19-та последователна победа на Мастерс турнирот.

Тој во четвртфиналето ќе игра против Оже-Алијасим, кои се пласираа меѓу првите осум откако Руд се предаде на 7:5, 2:2.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да ја „преживее“ пречката во ликот на Томас Мартин Ечевери, и со тоа да стигне до четвртфиналето, а воедно го задржа и првото место на АТП листата – 2:1 (6:1, 4:6, 6:3)

Доколку го изгубеше овој натпревар, Алкараз ќе го изгубеше и првото место на АТП листата, бидејќи ќе беше престигнат од Јаник Синер, но Шпанецот одлучи да остане на врвот барем уште некое време, иако е очигледно дека е во мал пад на формата.

ПретходноБилетите за Ф4 турнирот од ракометниот куп пуштени во продажба
СледноФутсал репрезентацијата тргна со победа над Бугарија