Чаир очекувано убедлив против Ангели

35

Кошаркарите на Чаир остварија очекувано висока победа на мечот со Ангели на стартот од трката за опстанок во елитното кошаркарско натпреварување. Вечерва во салата „Шабан Трстена“, чаирчани го совладаа тимот на Англеи со 91:69 и потврдија дека остануваат во најдобра позиција во трката за сигурно место кое ќе ги остави во елитата и идната сезона.

Носители на победата вечерва беа Тачи со 25 и Реџа со 20 поени. Кај екипата на Ангели најефикасен беше Ренг со 16 постигнати поени.

ПретходноФИФА ги одреди судиите кои ќе „свират“ на Мундијалот
СледноМилан се „намерачи“ на Левандовски, но проблем е платата