Битолчани им фатија сеир на „Комити“: Со две коли и тројца студенти го „запоседнаа“ стадионот!

559
Фото: Фејсбук/Бам Бам Битола

Вечното фудбалско дерби помеѓу Пелистер и Вардар зааврши без победник, но и без посакуваната игра на теренот. Во 90. минути игра не видовме ниту еден гол, па на крајот најголем победник е домашниот тим кој успеа на лидерот да му скине бод и да го стави во позиција која веќе не значи стабилност на врвот.

Овој дуел се највуваше со денови, Битола се подготвуваше за спектакл, а очекувањата беа дека на трибината која беше резервирана за гостински навивачи ќе биде исполнета. Но, тоа не се случи. Малиот број на членови на „Комити“, но и ремито беше доволна причина за да битолчани им фатат сеир.

„Две коли од Скопје и тројца студенти шо се тука отпорано го ,,запоседнаа” стадионот Петар Милошевски за да можат рајат да го оптегнат транспаренто. ОхриТ поќе љуѓе в чаршија има вечерва“, се вели на еден од многуте статуси на „Фејсбук“ групите посветени на битолчани.  

ПретходноНавивачите на Барселона го демолираа автобусот на Атлетико
СледноТФТ е на победа до финале, Смилковски порача: Денеска е добро да си ТФТ, но ништо не е завршено!