Фудбалерите на Рајо Ваљекано обезбедија убедлива победа од 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига. На мечот со грчки АЕК, шпанскиот тим одигра одлично во првото полувреме и комплетно го разби ривалот, пред реваншот кој следната недела ќе се одигра во Атина.
Рајо поведе со голот на Ахомах во 2. минута, додека Лопез во судиското надополнување од првиот дел зголеми и на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Палазон од пенал во 74. минута на средбата.
Останатите три дуели од четвртфиналето се на програмата од 21 часот.










