Уште една извонредна партија на нашиот Нено Димитријевиќ во Евролигата. Вечерва на гостувањето на познат терен, против својот поранешен клуб Олимпија Милано, нашиот „плеј“ постигна 15 поени и повторно беше најдобар кошаркар во тимот на Светислав Пешиќ.
Нено за наполни 20 минути на паркетот во Милано имаше и 4 скока и исто толку асистенции. За екипата на Баер ова беше четврта победа во серија во самата завршница на тековната сезона.










