ТФТ е на победа до финале, Смилковски порача: Денеска е добро да си ТФТ, но ништо не е завршено!

136

ТФТ направи уште еден голем чекор кон нова историја. Македонскиот тим е големо изненадување во плеј-офот, бидејќи во првото полуфинале во АБА2-лига славеше со 88-93 на гостински терен кај Сутјеска. Победата е апсолутно заслужена бидејќи тимот од Тафталиџе го имаше водството уште од стартот на мечот.

„Сакам да им се заблагодарам на Сутјеска и на целата организација за нивното гостопримство. Што се однесува до играта – ова е фантастичен резултат. Игравме против исклучително добар тим. Првото полувреме беше одлучувачко, каде што игравме маестрално. Имавме 16 асистенции, над 50 поени, над 20 поени во транзиција. Влеговме добро во играта, пристапот беше добар и можеби тоа беше клучот. Се очекуваше Сутјеска да се обиде да се врати во второто полувреме и да покаже квалитет. Успеавме, иако имавме проблеми со фаулите. Губевме со 1:0 против Златибор, а во вториот натпревар бевме 19 поени зад нив. Оваа серија не е завршена. Денеска е добро да си ТФТ, но мора да се подготвиме за следниот натпревар што е можно поскоро. Сигурен сум дека Сутјеска ќе направи сè за да ја врати паузата“, Боро Смилковски.

Вториот натпревар се игра на 15 април, а домаќин е тимот на ТФТ, победа ќе значи финале.

ПретходноБитолчани им фатија сеир на „Комити“: Со две коли и тројца студенти го „запоседнаа“ стадионот!
СледноМакедонија Ѓ.П и Арсими во битка за бодови = опстанок!