Македонскиот фудбалски шампионат викендов ќе го има своето 27. издание сезонава, а во него на програмата е скопското дерби помеѓу Вардар и Работнички.
Мечот е закажан за в сабота со почеток од 15:30 часот, а предмалку беше делегиран и главниот арбитар за овој дуел.
Тоа ќе биде нашиот интернационален судија Игор Стојчевски, а помошници ќе бидат Дарко Видиниќ и Изаири Вјолца.
Во ВАР собата судии ќе бидат Доне Ристовски и Тоше Ицев.















