Норвешка славеше во дуелот против Македонија

73

Во првиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Македонија со 3:0.

Еден од фаворитите за освојување на првото место првиот погодок го постигна во осмата минута, а стрелец е Џули Стен.

По три минути игра во второто полувреме, Ина Раум Андреасен зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Малмин со голот постигнат во 58. минута.

Подмладениот состав предводен од селекторот Кирил Изов одигра квалитетен натпревар, но Норвежанките на крајот ја оправдаа фаворитската улога и потврдија дека со право се вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за пласман на завршницата од Европското првенство за фудбалерки до 19 години.

 

МАКЕДОНИЈА: Комненова, Додевска, Крстева (66′ Димчова) , Ристевска, Боризоска, Емини, Трендова, Накова, Коловска, Митковска (80′ Настова), Попески (73′ Симјанова).

Селектор: Кирил Изов

ПретходноГлавчев: Душко Вујошевиќ, ти благодарам за сето внимание, почит и посветеност што ни ја пружи
СледноАрне Слот:Чувствувам поддршка од фановите и од раководството на Ливерпул!