Од утре па се до вторник се термините за сите шест средби од 27.коло во ПМФЛ. Сепак поради Велигден, во недела нема да има фудбал, па така овие шест натпревари ќе се играат вообичаено во три дена.
Колото почнува утре (сабота) со мечевите Вардар – Работнички и Силекс – Башкими. Посебно интересно ќе биде во скопската пресметка на Националната Арена “Тодор Проески“ ако се знае дека бодовите и за Вардар и за Работнички се од екстремна важност.
Шкендија игра дома со Шкупи во понеделник, како и мечот меѓу Струга ТЛ и Тиквеш.
ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО
11.04.2026 (сабота)
Вардар – Работнички (15:30 ч)
Силекс – Башкими (15:30 ч)
13.04.20026 (понеделник)
Шкендија – Шкупи (15:30 ч)
Струга ТЛ – Тиквеш (15:30 ч)
14.04.2026 (вторник)
Арсими – Пелистер (13:00 ч)
Брера – Македонија ЃП (15:30 ч)















