Ѓуроски на десет секунди до крајот донесе победа за МКК Куманово

105

Во драматична завршница, кошаркарите на МКК Куманово остварија голема победа над Гостивар во денешниот натпревар од првото коло во плеј-аутот во домашниот кошаркарски шампионат. Во меч во кој до последната секунда се беше во игра, Куманово на крајот славеше со 75:73 благодарение на поените на Стојан Ѓуроски на 10 секунди пред крајот.

Домашните подобро го отворија мечот и успеаја да добијат првата четвртина со 21:16. До полувреме, разликата сериозно се зголемуваше, па МКК Куманово отиде на пауза со високи 42:30. Сепак, Гостивар имаше извонредно враќање во мечот во последниот период, затоа што кумановци во третата четвртина успеаја да ја сочуваат предноста од 10 поени разлика.

Гостивар почна да ја топи разликата со двете тројки на Димитриевски и Младеновиќ, по што со новата тројка на столески на 7 минути и 50 секунди до крајот гостиварци дојдоа само на минус еден (62:61). Одличната серија на гостите до средина на последниот период им донесе веќе предност од четири поени, по што кумановци се вратија во игра и мечот влезе во егал. Во последната минута Кумановци тргнаа со два пулс, но иако Гостивар возврати за 73:73, поените на Ѓуроски на 10 секунди до крајот значеа победа на домашните.

Луковиќ со 27 поени ги предводеше кумановци до триумф, додека кај Гостивар одличен меч имаа Димитриевски (16) и Младеновиќ (15).

ПретходноПетковска во ТОП 5 најдобри одбрани според ЕХФ (ВИДЕО)
СледноСинер и Алкараз лесно и до полуфиналето во Монте Карло