Раководството на Македонската кошаркарска Федерација има сериозни намера да го подобри квалитетот на овој спорт во нашата земја. Како дел од стртегијата како да се подигне нивото на кошарката воведе анкета која е достапна за секој љубител на овој спорт, а истата е дел од програмата на ФИБА која има иста цел, и секогаш се стреми кон високи дострели.
Анкетата содржи 14 прашања, истите ги опфаќаат сите компоненти кои се важни, а истовремено ќе дадат јасна слика на што повеќе треба да се работи, поточно да се подобри за да се привлече вниманието на фановите, но и да создаде средина во кошарката ќе биде атрактивна и квалитетна.
За анкетата ви се потребни најмногу 10-тина минути. Истата можете да ја најдете на линкот подоле, но и ТУКА.
https://www.surveymonkey.com/r/S8ZHNKH
View this post on Instagram










