Македонската женска ракометна репрезентација е во Словенија каде се подготвува за последниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство. Ова ќе биде и најважниот меч за селекторот, Кристијан Грчевски и неговите избранички, кои се борат да влезат во друштво на четирите најдобро третопласирани репрезентации кои исто така ќе обезбедат место на континенталното натпреварување.
Словенија во минатото коло го заверии пласманот на ЕП, а во нашата група тоа го стори и Германија уште претходно. Македонија е трета со скор од една победа и четири порази.
Натпреварот се игра во Велење на 12. април со почеток во 18 часот.










