Во првиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Македонија со 3:0.
Еден од фаворитите за освојување на првото место првиот погодок го постигна во осмата минута, а стрелец е Џули Стен.
По три минути игра во второто полувреме, Ина Раум Андреасен зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Малмин со голот постигнат во 58. минута.
Подмладениот состав предводен од селекторот Кирил Изов одигра квалитетен натпревар, но Норвежанките на крајот ја оправдаа фаворитската улога и потврдија дека со право се вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за пласман на завршницата од Европското првенство за фудбалерки до 19 години.
МАКЕДОНИЈА: Комненова, Додевска, Крстева (66′ Димчова) , Ристевска, Боризоска, Емини, Трендова, Накова, Коловска, Митковска (80′ Настова), Попески (73′ Симјанова).
Селектор: Кирил Изов










