Супер-деби на Јасухира, Охрид го прегази Тиквеш

201
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

Ракометарите на Охрид ги продолжија одличните настапи совладувајќи го Тиквеш со убедливи 37:20 во првиот меч од 5. коло во доигрувањето за шампионската титула. Попладнево во салата „Билјанини Извори“, Охрид покажа класа и не дозволи никакви изненадувања.

Уште во првиот дел охриѓани направија предност од пет гола (19:14), по што следуваше уште поубедлив втор дел. За одбележување е дебито на Јапонецот Јасухира, кој на денешниот меч тргна со дебитантски 6 гола за домашниот тим.

Покрај него, во составот на Охрид и Савревски и Жосевски постигнаа по 6 гола. Кај Тиквеш најефикасни еба Мијушковиќ и Стојановски со по 5 погодоци.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 26. КОЛО: Красниќи блескаше, Шкендија славеше на ФФМ
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)