Игор Стојчевски ќе биде судија на скопското дерби помеѓу Вардар и Работнички

199

Македонскиот фудбалски шампионат викендов ќе го има своето 27. издание сезонава, а во него на програмата е скопското дерби помеѓу Вардар и Работнички.

Мечот е закажан за в сабота со почеток од 15:30 часот, а предмалку беше делегиран и главниот арбитар за овој дуел.

Тоа ќе биде нашиот интернационален судија Игор Стојчевски, а помошници ќе бидат Дарко Видиниќ и Изаири Вјолца.

Во ВАР собата судии ќе бидат Доне Ристовски и Тоше Ицев.

 

ПретходноМакедонската кошаркарска федерација работи на нова стратегија за развој на кошарката – твоето мислење е важно!
СледноЃорческа поразена во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид