Стефан Тренески на само 18 години е новата ѕвезда во Формула 4 и е првиот Македонец кој од оваа сезона ќе се натпреварува во оваа конкуренција, ќе ја има својата дебитантска сезона во болидот на ЈМТ Рејсинг. Инаку шамионатот во Ф4 тргнува викендов на култната “Ред Бул Ринг“ патека во Австрија, на една од најважните патеки во Формула 1.
Иако конкуренцијата е исклучително силна, Тренерски има желба а и амбиции еден да се најде во „одбрано друштво“, во Формула 1.
Инаку сезоната во Ф4 има вкупно шест тркачки викенди, од кои два се возат на патеки на кои се кортистат за Ф1, што секако дека ќе биде голем предизвик и за Македонецот Стефан Тренески.
Викендов на “Ред Бул Ринг“ вкупно ќе се натпреваруваат 45 возачи во две трки, а во финалето има место само за најдобрите 32, кое ќе се одржи во недела.










