И дефинитивно Ненад Димитријевиќ се наметнува како еден од клучните кошаркари во тимот на Баерн Минхен. За само два дена во Евролигата, најдобриот македонски кошаркар покажа дека е класа за себе. Прво беше фантастичен против Виртус Болоња на гости, а потоа исто на гости, тој и тоа како одигра клучна улога во победата над Милано и со тоа на најдобар начин им покажа што имаше во своите редови до пред една година, ама не знаеле да го респектираат.
Ина медија – тимот на Баерн на своите социјални мрежи како еден од клучните моменти на синоќешниот меч го издвојува шутот на Ненад Димитријевиќ и погодената тројка и тоа во стилот на Мајкл Џордан.
Погледнете и уживајте…
🚨 HIGHLIGHT-ALERT! 🚨
What a shot by Neno Dimitrijevic, 04/09/2026
Watch all @EuroLeague games on #MagentaSport!#FCBB #WeBallTogether pic.twitter.com/DAMJSO84QL
— FC Bayern Basketball (@FCBBasketball) April 9, 2026










