ФФМ и официјално потврди: Македонија против БиХ на 29 мај во Сараево!

86
ФОТО: FFM.MK

Она што „СпортСпорт“ го најави пред неколку дена, денеска Фудбалската федерација на Македонија и официјално го потврди.

А репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина на 29 мај 2026 година.

Дуелот ќе се одигра во Сараево, на стадионот “Асим Ферхатовиќ Хасе” или “Кошево“.

Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство 2026, што му дава дополнителна тежина и квалитет на овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин.

Според најавите од БиХ, се очекува спектакл пред повеќе од 30.000 гледачи.

Ова е дуел на две селекции кои ја “расплакаа“ Италија на двата последни баражи за СП во 2022 и СП 2026.

ПретходноЕрјона Јонузи: Сакам да покажам дека и од Македонија може да се стигне далеку
СледноМакедонецот Стефан Тренески во Ф4 тргнува од “Ред Бул Ринг“! (ВИДЕО)