ВМФЛ: Брегалница си “гази“, Охрид и Шкендија (А) киксираа, Скопје славеше во Новаци

481
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Интересни и тоа натпревари од денешното 24.коло во ВМФЛ. Брегалница покажа уште еднаш дека е во одлична форма, дека знае како да ја подигне формата кога е најважно и затоа е во победничка серија. Штипските “сини“ денеска немаа проблеми против Г.Коњари славејќи со 6:1 и со тоа сега се осамени на лидерската позиција со два бода повеќе од Охрид, Шкендија (А) и Скопје.

Пиратите“ славеа во Новаци со 0:1,но затоа Охрид киксираше во Каменица кај Саса со резултат 1:1. Осогово пак ја шокираше Шкендија (А) со гол во 90.минута за конечни 1:1, бод кој секако дека е малку за амбициите на тимот од Арачиново.

Инаку во Неготино неубави сцени. Потешко се повреди домашниот фудбалер Блаже Ставров кој мораше со возилото на Брзата помош да биде пренесен во болница.

РЕЗУЛТАТИ – 24.КОЛО

Брегалница – Г.Коњари 6:1

Саса – Охрид 1:1

Кожув – Слога (В) 5:2

Новаци – Скопје 0:1

Осогово – Шкендија (А) 1:1

Победа – Беласица 0:5

Тетекс – Преспа 2:0

Вардар (Н) – Детонит 0:3

ТАБЕЛА

Претходно„Фармацевтите“ славеа во Дортмунд, Лајпциг минимално со Гладбах
СледноЕвертон грабна бод кај Брентфорд, „галебите“ славеа кај Барнли