Денешната прволигашка програма вели дека е време за уште една скопска пресметка помеѓу вечните ривали, Вардар и Работнички.
Во рамките од 27. Коло, старите познаници, клубовите пол ни со трофеји ќе одработат уште еден свој дуел во кој што во влегуваат со дијаметрално спротивни амбиции.
Вардар како лидер на табелата по дваесет и шест одиграни мечеви и собрани 62 бода има задача да ја продолжи позитивната низа во шампионатот по репрезентативната пауза. А што значи тоа? Па секако победа и освојување на три бода кои што ќе го одржат „црвено-црниот“ состав на чело на прволигашкиот карван, и ќе ја остават активна „шампионската“ ситуација во моментов.
За Работнички секој бод има исклучителна важност до крајот на сезоната
Работнички по поразот од Шкендија (0-3) е пред нов голем предизвик. Во 27.коло ќе ги одмери силите со лидерот на табелата Вардар на Арената „Тодор Проески“.
Грешките од претходниот дуел не треба да се повторат, а избраниците на Муарем Муарем се надеваат дека можат да останат непоразени во градската пресметка со „црвено-црните“. Работнички се бори за опстанок и секој освоен бод е од исклучително значење за клубот од Дебар Маало.
„Вардар е лидер и се бори за шампионската титула, но и ние имаме своја цел, да обезбедиме опстанок во елитата. Ќе се бориме до последен атом на силите, затоа што секој бод за нас е исклучително важен до крајот на сезоната. Верувам дека тимот ќе успее да се врати психолошки по поразот од Шкендија, а мотивацијата секако е на највисоко ниво. Се надеваме дека ќе успееме да ја оствариме нашата цел“, изјави Муарем Муарем.















