ГРК Охрид не го испочитува златното спортско правило за фер-плеј!

1227

Во моментите кога во ракометниот шампионат секој бод е важен, и неизвесноста, и оваа сезона е голема, се случи сценарио кое е далеку од фер-плеј играта која спортот ја бара од сите чинители и воедно ја наложува.

Во изминатите десет дена видовме две спротивни одлуки на еден клуб, кои не требаше да се случат, а кои воедно ја променија битката за титулата, поточно имаат големо влијание…

Иако ГРК Охрид има состав кој е исполнет со бројни странски засилувања и на располагање во секое време има играчи кои можат и мораат да одговорат на сите задачи, сепак на два важни мечеви во плеј-офот во Супер-лигата одлучи да постапи различно.

Против Вардар 1961 на гостински терен дојде со младинци и без првиот тренер, и ги разочара ракометните фанови бидејќи сите очекуваа дека ќе гледаат дерби натпревар како што доликува. Оправдувањето беше реванш мечот во 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп против Олимпијакос, што пак не „држи“ вода, бидејќи езерскиот клуб оваа сезона потроши голем буџет, кој им дозволува да играат на два фронта, а воедно имаше пет гола предност. Ако играчите беа изморени, се прашуваме зошто тренерот Борис Ројевиќ не го испочитува противникот или не сакаше да му се брои пораз?

После дуелот со Олимпијакос (на кој иако беа одморени, го добија минимално) во Битола дојдоа со комплетен состав, како што доликува и ги земаа првите бодови на гостински терен кај актуелниот првак Пелистер, и воедно му направија повторно услуга на Вардар 1961. Да не бидеме погрешно сфатени, победата е секако за поздрав и на спортот му се потребни вакви проекти.

Ако ГРК Охрид сака да гради ракометна историја, тогаш ќе треба да погледне како функционираат Вардар, Пелистер и Алкалоид. Вардар 1961 цела сезона играше силни мечеви во Европската лига, таму ја почнува битката за пласман во завршницата, но никогаш не си дозволи во домашното првенство да собере младинци, бидејќи победничкиот менталитет е во крвта на овој тим.

Истото важи за Пелистер, актуелниот првак беше во пеколно темпо, Лига на шампиони и Супер-лига, но знаеше како да ги изменаџира овие обврски, на крајот средствата кој се вложуваат мора да се оправдаат.

За постетување минатата сезона Алкалоид на база на македонски и млади играчи, се бореше на два фронта и на крајот го освои ЕХФ Европскиот Куп.

Ако сме сите за фер-плеј игра нека биде така до крајот на сезоната.

ПретходноБарселона доби повик што ќе и донесе милиони до крајот на сезоната!
СледноИ кога се лаже треба да се има мерка: Дали овие момци имаат по 15 години?