Евертон грабна бод кај Брентфорд, „галебите“ славеа кај Барнли

22

Попладнево се одиграа уште два меча од тековното коло во Премиерлигата. Фудбалерите на Брајтон ги освоија сите три бода од гостувањето кај Барнли поведувајќи со 2:0, додека Евертон во судиското продолжение се избори за реми на гостувањето кај Брентфорд (2:2).

По само три минути Пикфорд направи пенал над Шаде, а Игор Тиаго постигна гол од пенал за 1:0 за Брентфорд. Во 26-та минута Бето погоди за израмнување.

Евертон беше подобар, но домаќините добија нова предност, отако Тијаго повторно беше стрелец, сè направи сам, и на крајот имаше голема среќа ги доведе домашните до 2:1. Но, во судиското продолжение, Дјусбери Хол успеа да му донесе бод на Евертон за конечни 2:2.

Брајтон на гостувањето кај Барнли славеше со двата гола на Холанѓанецот Виферт.

ПретходноВМФЛ: Брегалница си “гази“, Охрид и Шкендија (А) киксираа, Скопје славеше во Новаци
СледноСтоле и Валенсија поразени на гостувањето кај Елче!