Лаутаро повторно се повреди

24
ФОТО: Inter/FB

Лоши вести за сите во Интер.Уште една повреда на Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот фудбалер и капитен на Интер мораше да помине нови тестови утрово, а како што соопшти клубот, има проблеми со левата нога и ќе мора да отсуствува некое време.
Точниот датум на неговото враќање не е познат, но клубот се надева дека ќе биде целосно подготвен за 15 дена.
Ова е најновата во низата повреди за Лаутаро, по онаа што ја заработи на натпреварот против Боде во Лигата на шампионите.
Затоа, натпреварот против Комо ќе биде без Аргентинецот, како и натпреварот против Каљари во Серија А, а нема да го видиме ниту во Купот на Италија каде што тимот на Кристијан Киву повторно се среќава со Комо.

ПретходноБарса ќе му даде нов договор на Левандовски, но платата нема да биде иста
СледноУдинезе го декласира Милан на “Сан Сиро“!