Елче – Валенсија 1:0 е исходот од мечот од 31.коло во Ла Лига. Македонскиот голман Столе Димитриевски одново беше на голот на Валенсија, но сепак не успеа да дојде до “чиста мрежа“, откако Цепеда во 73.минута беше прецизен и го совлада Македонецот за победа на домашниот состав на Елче.
Со овој пораз тимот на Столе Димитриевски остана на 35 бода што е доволни за 14.место на табелата во Ла Лига. Ова е втор меч по ред на кој Столе и другарите се поразени.
Од друга страна тимот на Елче има 32 бода и скокна на 16.место на табелата.
Гостите од Валенсија имаа свои шанси, но сепак на крајот мораа со наведнати глави да го напуштат теренот.










