“Олисе во Реал? Нема шанси…“

61
фото: FC Bayern München (X)

Факт е дека Мајкл Олисе, напаѓачот на Баерн Минхен во моментов веројатно е најдобриот фудбалер во светот. Французинот игра во фантастична форма и затоа Реал Мадрид е подотвен да понуди 165 милиони евра само за да добие.
Флорентино Перез е подготвен да искешира тешки милиони за францускиот крилен напаѓач, но денес доби одговор од Минхен.
Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, го објави следново:
„Олисе во Реал Мадрид? Не, едноставно не. Нема шанси. Имаме долгорочен проект, Мајкл се чувствува многу удобно тука, фудбалот што го играме е фантастичен. Тој останува“, рече Еберл за германскиот „Скај Спорт“.
Интересно е што оваа приказна беше лансирана помеѓу двата натпревари на Баерн и Реал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Баерн победи со 2:1 во Мадрид во вторник вечерта, а реваншот е во среда во Минхен.Олисе беше поврзуван и со Ливерпул, кои го гледаат како идеална замена за Мо Салах, но јасно е дека Баерн нема да го пушти никаде.
Овој играч пристигна во Баерн од Кристал Палас, има договор до летото 2029 година и не содржи клаузула за откуп.

ПретходноРоналдо “тресеше“ за Ал Наср за гол бр.968!
СледноЈуве победнички во Бергамо!