Полувреме: Цветковиќ за водство на Вардар на празната Арена и без “Комити“, нема голови во Кратово! (ВИДЕО)

357

Вардар – Работнички 1:0 и Силекс – Башкими 0:0 се резултатите од првите полувремиња од денешните две средби од 27. коло во ПМФЛ.

Се играше 23. минута на градското дерби, кога Цветковиќ со гол од слободен удар беше максимално прецизен и му донесе на Вардар водство од 1:0. Лидерот доминираше, имаше уште три шанси за поубедливо водство, но Омерагиќ еднаш ја погоди пречката, а вториот пат слабо биеше во Ондоа.

Работнички се обиде со шутеви од далечина да се закани, и тоа преку Талаков и Мухарем, но без успех.

Да кажеме дека Арената зјае празна, а ги нема ни навичаите на Вардар – “Комитите“.

На вториот меч попладнево во Кратово, по првите 45.минуто немаше голови. Силекс напаѓаше, а Башкими се бранеше, но мрежите не се тресеа.

ПретходноСинер е прв финалист на Мастерсот во Монте Карло
Следно„Комити“ го честитаа Велигден, но не му дадоа ПОДДРШКА на Миленко и Вардар! (ФОТО)