По една година: Вечерва Фјури се враќа во рингот против руски тешкаш

145
фото: MMARocks (X)

Пo едногодишна пауза, Тајсон Фјури се враќа на рингот вечерва (околу 22 часот). Тој ќе се бори против рускиот тешкаш Арсланбек Махмудов на стадионот на Тотенхем во Лондон. Фјури влегува во својата 38-ма професионална борба со резултат од 34 победи, два порази и едно реми.

Махмудов (21-2-0) некогаш се сметаше за голем предизвикувач во тешката категорија, но два последователни порази кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 година го запреа неговиот подем. Сепак, тој се врати во форма со две победи и сега ја бара најголемата можност во својата кариера против Фјури.

Интересно е што пред нешто повеќе од една година, Махмудов се бореше со мечка тешка над 350 килограми, а снимката стана вирална.

ПретходноСтоле и Валенсија поразени на гостувањето кај Елче!
СледноАлкараз против Синер:Имаме супер – финале во Монте Карло!