Тенисерките повторно поразени, ја напуштаат Втората Евро-африканска зона

34
ФОТО:.mtftennis.mk/

Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го заврши настапот во годинашново издание од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Бања Лука. Ова беше дуел за пласман откако двете репрезентации по натпреварите во групи го загубија пласманот во оваа зона и следната година ќе настапуваат во Третата Европска зона од БЏК купот.

Во двата сингла меча за македонскиот тим настапија Ана Митевска и Сара Митевска. Во првиот меч Ана загуби со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1) од Клаудија Гаспаровиќ, додека во вториот меч Екатерина Перелигина ја победи Сара Митевска со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4). Мечот во двојки не се играше.

Мечевите се играа во Бања Лука, а македонскиот тим беше најмладиот во конкуренција на десет репрезентации. Пласман во Прва зона избори Бугарија која води против Кипар со 2:0, додека Грција има водство против Јужна Африка со 1:0. За опстанок во Втората зона играат: Финска – Египет и Мароко – БиХ, поразените репрезентации заедно со Македонија и Австрија на напуштаат Втората Евро-африканска зона.

ПретходноИ кога се лаже треба да се има мерка: Дали овие момци имаат по 15 години?
СледноТиквеш немаше сили за изненадување: ТФТ во последната минута до победа (ФОТО)