Во вистинска кошаркарска драма, лидерот на табелата во домашниот кошаркарски шампионат, ТФТ славеше против екипата на Тиквеш со 80:74 на стартот од разигрувањето за шампионската титула.
Денеска во „Градски Парк“ видовме натпревар со многу пресврти и големи падови во играта и на двата тима. ТФТ тргна како фаворит и во првите 10 минути на мечот имаше предност од три поени 17:14. Следуваше извонредниот втор период кој го одиграа гостите во кој не само што ја анулираа домашната предност, туку успеаја на одмор да заминат со комотна предност од 29:35.
ТФТ се „разбуди“ на почетокот на вториот дел, ги искористи своите минути и успеа повторно да направи целосен пресврт доаѓајќи до висока предност пред последните 10 минути на мечот (59:51). И потоа следуваше вистинска драма во последните неколку минути на мечот. Иако ТФТ влезе во завршницата со комотна предност (69:61) на неполни пет минути до крајот, сепак Тиквеш тргна на се или ништо и не само што ја надомести негативата, туку на 1,5 минута до крајот успеа да победе – 73:74. Но, тука како да ги потрошија сите сили и до крајот не погодија ниту еднаш. ТФТ реализираше неколку напади и на крајот дојде до победа со 80:74.
Зафиров со 20 поени беше предводник на ТФТ до победата, додека 17 поени запиша Гордон. Кај Тиквеш добар натпревар одигра Хокинс со 20 поени.










