Неколкумина од ракометарите на Вардар го искористија сончевото време за да отидат на Националната Арена за да го проследат големото градско фудбалско дерби меѓу Вардар и Работнички.
Иако посетата е очајна, сепак Пинто, Боно и Еспиња кои оваа сезона со успех го носат „црвено-црниот“ се појавија на северната трибина за да му дадат поддршка на Вардар во трката за шампионската титула.















