Што се случува со Арсенал? Борнмут славеше на „Емирати“, Сити ќе го напаѓа врвот (ВИДЕО)

92
фото: Premier League (X)

Голем „кикс“ на Арсенал на стартот на денешните натпревари од 32. Коло во Премиер лигата. Момците на Микаел Артета по репрезентативната пауза доживеаја нов срам, откако на домашен терен загубија од Борнмут со 1:2. Ова е втор пораз на Арсенал за само седум дена.

Откако „топчиите“ беа елиминирани од ФА Купот од тимот од Чемпионшип Сандерленд пред седум дена, денес беа поразени дома од Борнмут и со тоа го загрозија сигурното лидерство на табелата.

Борнмут ги однесе сите три бода од „Емирати“ со што му даде шанса на Манчестер Сити да се доближи до лидерот Арсенал на само шест бода доколку утре го победи Челзи, а сепак би имале натпревар помалку, а со тоа борбата за титулата англиски шампион би била отворена до самиот крај.

Борнмут поведе на „Емирати“ во 17-тата минута со голот на Ел Крупи, Арсенал израмни во 35-тата минута кога Ѓокерес реализираше пенал, а Скот му ја донесе победата на Борнмут во 74-тата минута по одлична акција.

ПретходноПознати составите за 102-то градско дерби (ФОТО)
СледноШампионот во последните две минути го „искачи“ Кожув