37-годишниот голгетер на Барселона, Роберт Левандовски доби понуда од каталонскиот клуб за продолжување на договорот. Сегашниот договор е со важност до крајот на оваа сезона.
Пини Захави, агентот на Полјакот, оваа недела беше во Барселона за да се сретне со претставници на каталонскиот клуб и да ги дознае деталите за нивната понуда.
Според „Мундо Депортиво“, идејата на каталонскиот клуб е да му понуди на играчот едногодишен договор со намалена плата. Напаѓачот е исто така предмет на интерес од Милан, Јувентус и Чикаго Фаер. Се забележува дека приоритет на Левандовски е можноста да остане во Барселона.










