ВМФЛ: Лидерот по бодови во Каменица, Брегалница со лесна домашна задача

114
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос/FB

Денеска од 15:30 часот ќе се одиграат сите осум средби од 24.коло во ВМФЛ. Секако дека и натаму во центарот на вниманието е битката за првото место кое води директно во елитата, а за тоа место се борат четири екипи.
Лидерот Охрид, кој е прв само поради подобрата гол разлика од Брегалница и Шкендија (А), игра на гости кај Саса во Каменица и очекува победа и нови три бода. Брегалница има лесна домашна задача против Г. Коњари, додека Шкендија (А) гостува во Кочани кај Осогово и тоа ќе биде силен тест за тимот од Арачиново.

Скопје ќе има тешка задача да дојде до целиот плен на гостувањето кај Новаци, тим кој што оваа сезона игра добро.

ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (15:30 Ч)

Тетекс – Преспа

Саса – Охрид

Новаци – Скопје

Брегалница – Г.Коњари

Вардар (Н) – Детонит

Кожув – Слога (В)

Победа – Беласица

Осогово – Шкендија (А)

ТАБЕЛА

Охрид 52, Брегалница 52, Шкендија (А) 52, Скопје 50, Беласица 45, Осогово 43, Детонит 41, Новаци 40, Кожув 32, Тетекс 30, Саса 28, Вардар (Н) 18, Преспа 12, Слога (В) 11, Победа 11, Г.Коњари 7.

ПретходноАрбелоа бесен на судиите: Ова е пенал тука и на месечината!
Следно„Ќе биде тешко, но веруваме дека можеме дa се носиме со противникот“