Очајно слаба посета на Арената на мечот меѓу Вардар и Работнички. По долгио, долго време, ги нема ни “Комити“, кои не се на својот дел од западната трибина. Таму стои само транспарент со кој тие го честитаат Велигден, но нема ПОДДРШКА од нив за Миленко и ФК Вардар.
Познато е што се случуваше изминатите денови во нашиот најтрофеен клуб, работите и дефинитивно не се добри, а јавноста и фановите на Вардар бараат одговори. Токму затоа е овој револт кој го искажуваат Комити кон актуелното раководство на клубот.















