Лоши вести за сите во Интер.Уште една повреда на Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот фудбалер и капитен на Интер мораше да помине нови тестови утрово, а како што соопшти клубот, има проблеми со левата нога и ќе мора да отсуствува некое време.
Точниот датум на неговото враќање не е познат, но клубот се надева дека ќе биде целосно подготвен за 15 дена.
Ова е најновата во низата повреди за Лаутаро, по онаа што ја заработи на натпреварот против Боде во Лигата на шампионите.
Затоа, натпреварот против Комо ќе биде без Аргентинецот, како и натпреварот против Каљари во Серија А, а нема да го видиме ниту во Купот на Италија каде што тимот на Кристијан Киву повторно се среќава со Комо.










