Лесно му е на Битигхајм кога го има Томовски на голот!

226
Фото: SG BBM Bietigheim

Уште една одлична партија на Мартин Томовски на голот на Битигхајм. Имено вечерва во меч од втората Бундеслига, како гостин Битигхајм славеше кајДормаген со 34:36 а македонскиот голман ја искажа сета своја класа токму кога беше најпотребно, кога се “кршеше“ резултатот и кога се решаваше победникот. Имено при резултат 33:33, на пет минути до крајот, Мартин Томовски успеа да одбрани две клучни топки и со тоа стана херој на својот тим во оваа победа. Македонецот успеаа на крајот да дојде до девет интервенции, но најважно е што кога беше најпотребно беше на своето ниво.

Па така сега по ова 27.коло тимот на Томовски е лидер на табелата со 45 бода, втор е тимот на Балинген со 44 а трет Елбфлоренц со 40 бодови. Вечерва Битигхајм ја продолжи серијата, ова беше нивни седми меч во низа без пораз. Секако дека еден од најзаслужните е Македонецот со своите одбрани.

ПретходноИСТОРИЈА: Баерн Минхен со 105 голови го урна рекордот во Бундес Лигата! (ФОТО)
СледноКрај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител!