Работнички убедливо против Феникс, Пелистер сигурен со дебитантот

121

Во меч од плеј-аут лигата, Работнички и Феникс одиграа доста интересен натпревар, кој на крајот го доби домашниот тим со 93-83.

„Црвено-белите“ добро го отворија мечот, поведоа со 26-21 после првите десет минути, но Феникс го доби следниот период, на одморот беше 44-35. Работнички на стартот на последната четвртина имаше двоцифрени 69-55, но гостите не се откажаа, во еден момент дојдоа на 78-75, но немаа сили за целосен пресврт. Костоски и Ефремовски влегова во серија на поени и го осигураа триумфот.

Ефремовски со 30 поени беше прв стрелец, Рикиќ имаше дабл-дабл од 22 поени и 17 скока. На другата страна Рахама имаше 20 поени.

Пелистер ја оправда улогата против Маџари и на домашен терен славеше со убедливи 84-72 во првиот меч од Топ 6 фазата.

Дебитантот беше рамноправен противник во првото полувреме. После првите фесет минути поведе со 17-20, додека следниот период го добија битолчани и на одмор замина со водство од 42-38. Клучната предност домашниот тим ја направи во третата четвртина во која беше подобар со 26-14 за 68-52 на стартот на последните десет минути.

Џенкис со 30 поени го предводеше победничкиот тим, Амстронг имаше 18 поени.

ПретходноУдинезе го декласира Милан на “Сан Сиро“!
СледноТинејџерот блескаше, Ливерпул сигурен против Фулам!