Синер е прв финалист на Мастерсот во Монте Карло

34

Италијанецот Јаник Синер го обезбеди своето место во финалето на Мастерсот во Монте Карло победувајќи го Германецот Александар Зверев со 2:0 (6:1, 6:4) во сетови.

Во првиот сет, Синер дури трипати му го одзеде сервисот на противникот и за 35 минути го реши тој дел во своја корист.

Во вториот дел имаше многу повеќе драма, а Синнер направи само еден брејк во последниот, десетти гем, за триумф со максимален резултат.

Во финалето ќе игра со подобриот од втората полуфинална двојка, Карлос Алкараз – Валентин Васкеро.

ПретходноШампионот во последните две минути го „искачи“ Кожув
СледноПолувреме: Цветковиќ за водство на Вардар на празната Арена и без “Комити“, нема голови во Кратово! (ВИДЕО)