Фудбалер на Вардар (Н) се здоби со сериозна повреда, изнесен со амбулантно возило

240

На еден од денешните натпревари во рамките на 24. коло во Втората македонска фудбалска лига видовме сериозно груб старт кој доведе до тешка повреда за еден од фудбалерите. Станува збор за фудбалерот на Вардар Неготино, Блаже Ставров, врз кој еден од фудбалерите на Детонит Плачковица направи страшен старт кој резултираше со сериозна повреда на ногата на домашниот фудбалер,.

Ставров веднаш беше изнесен на носила и со амбулантното возило префрлен во болница. Се очекуваат информации за тежината на повредата.

ПретходноФОТО: Ракометари на Вардар на трибини го следат 102-то градско дерби
СледноПМФЛ: Скопје е “црвено – црно“, Додев од пенал му донесе победа на Силекс!(ФОТО)