Тимот на Брера во ова 27. по ред коло во домашниот ПМФЛ шампионат, во вторник на свој терен ќе го одигра дуелот против тимот на Македонија ЃП.
Исклучително важен дуел за струмичани, кои се обидуваат што побргу да обезбедат опстанок сезонава, и што се вели потоа да немаат грижи.
Тоа ќе го сторат исклучиво и само ако ги победуваат директните конкуренти од тимот на МЃП, особено на свој терен.
„Одигравме два натпревари без пораз со директни конкуренти во шампионатот. Идентична е и ситуацијатта и со претстојниот дуел со Македонија ЃП. Секако дека немаме прави на кикс, Брера не е во ситуација да расфрла бодови особено не на домашен терен. Респект нормално за противникот, и нему во моментов не му е најлесно но ние одиме на трите бода“ – вели тренерот на Брера за Спортспорт, Мартин Алаѓозовски па додава.
„Ќе повторам, ние немаме право на кикс. Секој бод, секоја победа за нас значи што поран обезбеден опстанок, и нема што дилеми. Не сакам ни да помислам во каква лоша ситуација би се ставиле ако ги губиме мечевите дома. Подготвени сме, сите се во строј и очекувам максимална посветеност за позитивен резултат“ – вели младиот стратег за Спортспорт.















