Лош период за македонскиот интернационалец и репрезентативец Езџијан Алиоски. Искусниот играч се врати во неговата „матична“ Швајцарија и заигра за тимот на Лугано, но неговата минутажа во моментов е ужасна.
Поточно, од јануари наваму, Алиоски има минато само 59 минути на терен, што поради повреда, што поради тренерска одлука. Поточно оваа минутажа е на дванаесет мечеви на неговиот тим Лугано од 31 јануари па наваму.
Алиоски кој веќе има 34 години и е на залезот на кариерата сеуште е битна алка во националниот тим, и токму поради повреда не беше дел од бараж дуелот против Данска во Копенхаген.
На последните два меча како резерва одигра само седум минути, и добро е барем што воопшто се врати на терен.
Да се надеваме дека наскоро Алиоски ќе добие поголема шанса и со тоа ќе ја подигне својата форма. Селекторот Седлоски најави некакви измени во составот за јунските мечеви на репрезентацијата на Македонија, па ќе видиме дали Алиоски повторно ќе биде во комбинација.










