Васоски: Одиме според планот, целта на Силекс е третото место во шампионатот

77

Екипата на Силекс вчера на домашен терен во рамките од тековното 27. коло од ПМФЛ шампионатот, успеа да го совлада Башкими со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот гол на овој меч бепе Дарко Додев од пенал во второто полувреме.

Тренерот на кратовци, Александар Васоски секако е задоволен од развојот на настаните и од постигнатиот резултат.

„Некогаш планираните бодови се тешки, наидовме на квалитетен противник кој навистина беше незгоден. Особено во тој дефанзивен блок но, ете успеавме да создадеме неколку сериозни шанси, и да постигнеме гол од една ситуација, во која што според мене имаше чист црвен картон и чист пенал. Не е лесно да се добиваат тие мечеви од кои некако предвреме си ги испланирал бодовите, напротив. Тие се најбитни, на нив се ствара резултат. 

Особено заодовлство е за време на овој голем празник да освоиме бодови, да го одработиме планираното. Наш план е да ја стигнеме Струга ТЛ во домашниот шампионат, и да го оствариме тоа трето место на крајот“ – изјави тренерот на Силекс, Александар Васоски.

 

 

ПретходноАлиоски од јануари има минато само 59 минути на терен
СледноМиовски погоди за пресврт на Ренџерс на гостувањето кај Фалкирк (ВИДЕО)